Фудбалската легенда Луис Фиго, кој го шокираше светот во 2000 година со тогаш рекордно скап трансфер од Барселона во Реал Мадрид, призна дека доколку можел да повтори сличен потег како неговиот пред 25 години, би го избрал Педри како играч на Барса што би го довел во Реал.
Пред седум години, кога беше 15-годишен, плејмејкерот Педри беше на проба во Реал Мадрид, но не ги задоволил вкусовите, му рекле дека не бил доволно добар, и разочаран заминал дома на Тенерифе, а подоцна отиде во Барса каде доби шанса и сега е незаменлив и еден од најдобрите на светот на својата позиција.
Португалецот Фиго го издвои Федерико Валверде како играч што би го избрал во спротивна насока и од Реал би го преселил во Барса кога би можел да бира.