Лионел Меси во Реал Мадрид. Колку само лудо и неостварливо звучи ова. Сепак, по вчерашната најава дека Аргентинецот сака да си замине од Барселона, сите опции се во игра. Меси дефинитивно е решен да си оди, но се чека дали каталонскиот клуб ќе даде одобрение затоа што договорот на капитенот му истекува во јуни 2021 година.
Манчестер сити е најголем фаворит за нов клуб на Лео, но во игра се и ПСЖ, Интер, Манчестер јунајтед, Челзи… Во Sport Life имате одлична понуда и можност да се обложите за тоа каде ќе игра Меси во новата сезона.
Најголема шанса се дава за да остане во Барса или евентуално да направи трансфер во Сити. Имате и опција дури да се обложите дека Меси ќе направи транфсер во најголемиот ривал на Каталонците, а тоа е Реал Мадрид. За трансфер на Меси во Реал се дава коефициент 75!
Низ историјата на најголемото фудбалско ривалство во Шпанија се памтат само неколку фудбалери кои направиле трансфер од Барселона во Реал Мадрид. Како најголем предавник на Барселона се смета Луис Фиго, кој во 2000 година направи неверојатен трансфер и директно од „Камп ноу“, замина на „Сантијаго Бернабеу“.
Пошокантен трансфер од тој на Фиго секако може да биде само доколку Меси се реши да заигра за Реал Мадрид. Верувате ли во такво нешто, и тоа точно 20 години по трансферот на Португалецот од Барселона во Кралскиот клуб?