Фиго ја негира урбаната легенда: Немав ништо со Гвардиола, јас сакам жени

Славниот некогашен португалски фудбалер, Луис Фиго, ги негираше шпекулации кои траеја долго, дека тој и Пеп Гвардиола биле во љубовна врска додека играа заедно во дресот на Барселона при крајот на 90-тите години од минатиот век.

Иако Фиго одамна е оженет со прекрасната Хелен Сведин, муабетите дека имал сентиментална врска со Гвардиола, речиси никогаш не престанаа.

„Гвардиола е мој добар пријател, човек кој многу ми помогнал во животот. Бевме цимери и соиграчи. Но, немаше ништо повеќе од тоа. Мене ми се допаѓаат жени“ – изјави Фиго, кој смета дека ниту еден фудбалер во Шпанија не сака да признае дека е хомосексуалец затоа што се плашат од реакциите на околината, а не дека се срамат.

- Оглас -

Најнови вести