Фиго контра фудбалерите: Ако сакате да имате помалку мечеви, тогаш ќе добивате и помалку пари

Легендарниот португалски фудбалер Луиш Фиго, еден од ретките коишто имаат играно и за двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона, имаше своја реакција по најавите дека фудбалерите може да штрајкуваат.

Родри и Карвахал се само дел од сегашните ѕвезди кои реагираа на бројот на натпревари кои ги играат во текот на една сезона и дека е можно да се случи да има и штрајк. Фиго смета дека мора да се има баланс на нештата и објасни.

„Кога има повеќе натпревари, тогаш клубовите добиваат повеќе пари. Така може и да дозволат да дадат поголеми плати на фудбалерите. Ако се намали бројот на мечеви, тогаш јасно е дека и платите на играчите треба да се намалат. Треба да им е јасно дека мора да постои некаков баланс. Ова е многу комплицирана тема и тешко е да се изнајде вистинското решение“, рече Фиго.

 

- Оглас -

Најнови вести