Португалската фудбалска легенда, Луиш Фиго, објави порака на својот инстаграм-профил што ги запали навивачите и ги натера да размислуваат.
„Секогаш мислев дека можам да бидам добар претседател. Мислам дека дојде времето…“, порача Фиго.
Не се знае дали Фиго ја разгледува идејата да аплицира за прв човек на Португалската фудбалска федерација, дали планира да купи некој клуб или е отворен за кандидатура за претседател на УЕФА.
Неговиот близок пријател и соработник Александер Чеферин лани рече дека нема повторно да се кандидира во 2027 година откако ќе заврши три последователни четиригодишни мандати.