20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Фиго типува на ПСЖ за освојувач на Лигата на шампионите

Португалската фудбалска легенда Луис Фиго, прогнозира дека Пари Сен Жермен ќе биде освојувач на трофејот во Лигата на шампионите.

„Тешко е да се каже со сигурност кој ќе освои. Според мене, ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите. Имаат константност од резултати и физички се одлично подготвени во моментов“, вели поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид и Интер.

Барса и Интер ќе играат еден против друг во полуфиналето.

„Имаат многу различни стилови на игра. Многу греши секој што мисли дека Интер игра дефанзивно. Солидни се во одбрана и примаат малку голови, но имаат играчи кои прават разлика. Не се дефанзивен тим, може да освојат тројна круна, исто како и Барселона“, рече Фиго.

 

- Оглас -

Најнови вести