Фикс на денот: Торино ќе ја победи Парма

1010 Барнли – Вест Хем (21.15 часот)

Барнли е третата најнеефикасна екипа во Премиерлигата, но во претходното коло му дадоа четири гола на Вулверхемптон, и речиси обезбедија опстанок. Вест Хем беше на добар пат да се најде во Лигата на шампионите, но после поразите во претходните две кола, сега фокусот на тимот на тренерот Дејвид Мојс е пласман барем во Лига Европа. Ако Чеканите сакаат излез во Европа, мора да победат вечерва. Барнли дома не победил уште од 27-ми јануари, а Вест Хем четири години не победил на „Турф Мур“.

Предлог тип: Х2 & 3+ (3.00)

 

3010 Торино – Парма (20.45 часот)

Парма со една нога веќе е испадната во Серија Б, а и серијата од четири порази по ред и 14-те примени гола на овие четири меча не најавува ништо добро за нив пред вечерашниот дуел со Торино. И на Биковите им гори под нозе, се борат за опстанок. Торо кој е 16-ти на табелата, има ист број бодови со 18-тиот Беневенто, но предноста на Торино е што има два меча помалку од Вештерките. Торино има само шест победи сезонава, но во последните четири меча славеше двапати, и не смее да си дозволи кикс против најнеефикасниот тим во лигата.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

1801 Мајнц – Херта (18.00 часот)

Мајнц е во налет, освои 13 од можните 15 бода во последните пет кола и сега шансите за опстанок во Бундеслигата им се реални. Нова победа, би значела избегнување на најлошото. Херта е претпоследна, но има уште шест меча за играње (Келн кој е веднаш пред нив, има три бода повеќе, но и три меча плус), што им дава надеж дека ќе опстанат во германската елита. На тимот од Берлин и реми би му било успех, особено што од 7 ноември не славеле на гости, а во Мајнц не победиле шест години.

Предлог тип: Х (3.40)

 

1356 Севилја – Атлетик Билбао (21.00 часот)

Севилја е во неверојатна форма и победничка серија, која ги внесе во битка за титулата. На хартија, секако домашните се фаворити, но притисокот врз нив ќе биде голем. Баскијците од последните седум лигашки меча, дури шест пати одиграа нерешено. Тешко дека гостите може да победат, но за Севилја и реми би било неуспех. Традицијата на нивните меѓусебни дуели на југот на Шпанија, најавува малку голови.

Предлог тип: & 1-3 (1.78)

 

2607 Ѓургарден – Малме (21.00 часот)

Шведската лига започна неодамна, ова е четврти меч за Ѓургарден, кој ги доби сите три досега кои ги играше и има максимални 9 бода, додека Малме има две победи и нерешено. Малме примаше гол на секој меч, додека Ѓургарден има примено само еден погодок во трите средби. Во октомври, кога овие два тима се сретнаа во Стокхолм, Ѓургарден победи со 3-2. Малме речиси четири години не победил на гости кај Ѓургарден.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

- Оглас -

Најнови вести