Фиксот на денот е во Португалија

3628 Фиорентина – Рома (20.45 часот)

На овој меч клучна треба да биде мотивацијата. Фиорентина со победа би се изедначила со Рома и би продолжила битката за место во Европа. Но, Виолетовите имаат три порази по ред. Фиорентина е тим со најмалку нерешени резултати во Серија А. И Рома не блеска, не знае за победа во последните три кола, како да се фокусирани на Конференциската лига. Рома повеќе од еден месец нема гостински триумф, а Волчицата славеше на последните две посети во Фиренца, во мечеви на кои имаше 3+ голови и двата тима даваа гол.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.10)

 

1025 Шефилд вензди – Сандерленд (20.45 часот)

Овој дуел ќе го одреди вториот финалист на плејофот во англиската Лига 1 и ривал на Вајкомб. Сандерленд дома победи со 1-0 на првиот меч и тоа е резултат кој им дава оптимизам на двата тима дека може да се најдат во финалето за влез во Чемпионшип. Сандерленд е во подобра форма, последниот пораз го претрпе уште во средината на февруари, но Шефилд дома е многу опасен, не знае за пораз од февруари. Во ноември, кога овие два тима играа лигашки меч во Шефилд, домашните победија со 3-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

1544 Белененсеш– Фамаликао (21.15 часот)

Белененсеш е последен на табелата во португалската лига и му треба победа за да го напушти дното и да направи скок од две места на едно коло до крајот. Фамаликао е сигурен, има обезбедено опстанок, па нема да биде толку мотивиран како домаќините. Белененсеш е убедливо најнеефикасен тим, само со 21 даден гол на 32 меча, па и да победи вечерва, веројатно тоа нема да биде дожд од голови. Последните шест меча на Белененсеш дома беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

1321 Жирона – Тенерифе (21.00 часот)

Тенерифе и Жирона се соседи на табелата, на четврто односно петто место, Тенерифе има два бода повеќе и битката им е за што подобра позиција пред разигрувањето за влез во првата лига. По овој меч ќе им останат уште три кола, затоа на гостите повеќе им одговара нерешен резултат. Последниот пораз на Тенерифе беше на 27 март, додека Жирона дома има четири победи по ред. Од последните пет нивни меѓусебни дуели во Каталонија, дури четирипати беше 1-0 за домашните. Тенерифе не победил на „Монтиливи“ од 2009 година.

Предлог тип: 1 (2.19)

 

2609 Елфсборг – Ѓургарден (19.10 часот)

Елфсборг по лошиот старт на сезоната во шведската лига, има три победи во последните четири кола, а тие се и најефикасниот тим во првенството со 14 погодоци на шест меча. И Ѓургарден игра променливо, на седум средби собра скромни 11 бода, а во последните три кола имаше по една победа, пораз и реми. Во минатата сезона, Ѓургарден победи на гости кај Елфсборг со 2-0, но сега типуваме дека домашните нема да загубат.

Предлог тип: & 2-4 (1.98)

- Оглас -

Најнови вести