Фил Фоден е избран за фудбалер на годината во Англија

Ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден е избран за Најдобар фудбалер на годината во изборот на Асоцијацијата на спортски новинари во Англија. Во женска конкуренција таа награда ѝ припадна на Кадиџа Шоу која истотака го носи дресот на Манчестер сити во женска конкуренција.

Фоден освои 42 отсто од гласовите и е третиот фудбалер во последните четири сезони што ја освојува оваа награда. Рубен Дијаш и Ерлинг Халанд беа играчите на Граѓаните кои се радуваа на оваа награда во последните четири години.

Во последното гласање, Фоден зад себе ги остави Деклејн Рајс и Родри кои завршија на второто и третото место. Во Топ 6 имаше место и за Мартин Одегард, Оли Воткинс и Кол Палмер. Голгетерот на Сити сезонава игра одлично и во 23 меча во Премиер лигата постигна 16 погодоци, а има и седум асистенции. Сити заедно со Арсенал и Ливерпул се во трка за титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести