Наградата за најдобар фудбалер во англиската Премиер лигата за сезоната 2023/2024, заврши во рацете на 23-годишниот Фил Фоден од Манчестер сити.
Со ова, Граѓаните ја продолжија серијата од пет сезони по ред во кои ова признание завршува кај нивен играч, пред него тоа беа Ерлинг Халанд, Рубен Дијаш и двапати Кевин де Бројне.
Фоден на 34 меча сезонава има 17 голови и 8 асистенции, напштрави два хет-трика, и на многу мечеви беше клучен човек во тимот на Сити, врзувајќи ги средниот ред и нападот во периодот кога Де Бројне беше повреден.
Во минатата сезона, Фоден имаше 11 голови и пет асистенции, што покажува колку тој напредуваше сезонава и го донесе Сити на чекор до рекордната четврта титула по ред, утре со победа над Вест Хем, Фоден и другарите повторно би станале шампиони.