Фил Фоден конечно даде гол по 20 меча без погодок (Видео)

Манчестер сити по неполни две минути постигна гол за водство против Видад Казабланка на меч од Светското клупско првенство, кој исто како и многу други на ова првенство, се игра на полупразен стадион.

Стрелец на голот за Граѓаните на дуелот во Филаделфија беше Фил Фоден, кому ова му беше и тоа како потребно. Фоден не даде гол на претходните 20 меча на кои настапи, претходниот гол му беше уште на 25 јануари против Челзи во Премиер лигата.

Кај Сити денеска стартери се новаците Рајндерс и Шерки, а на клупата меѓу другите се Халанд и Родри. Капитенската лента ја носи Бернардо Силва.

Погледнете го голот на Фоден:

- Оглас -

Најнови вести