Филаделфија без Ембид е лесен залак за Јанис и Милвоки

Кошаркарите на Милвоки бакс со убедливи 119:89 ја совладаа Филаделфија севентисиксерс во дербито на Источната конференција во НБА-лигата.

Филаделфија која игра без својот најдобар играч и актуелен МВП на лигата, Џоел Ембид (повреда на коленото), беше лесен залак за Милвоки, само трипати имаше водство кое беше изразено само со еден поен разлика.

Таа предност, Филаделфија ја имаше само на почетокот од мечот, а од средина на првата четвртина на теренот во „Велс Фарго центарот“ доминираа играчите на Милвоки.

Првата четвртина Милвоки ја доби со 35:21, а на одмор заминаа со 21 поен предност (69:48) со што ги решија дилемите околу победникот и рутински го одработија второто полувреме.

Јанис Адетокумбо беше прво име кај Милвоки со 30 поени, 12 скока и девет асистенции останувајќи покус за една за трипл-дабл, додека Демиен Лилард даде 24 поени. Кај Филаделфија најрасположен за игра беше Тајрис Макси со 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести