19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Филаделфија без Ембид е тотален аутсајдер против Бостон, Дончиќ и Далас во Кливленд им се враќаат на победите (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат дури 11 натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за играње.

Програмата започнува со еден од најинтересните натпревари вечерва, во „Рокет Мортгејџ филдхаус“ Кливленд ќе го пречека Далас маверикс.

Далас во последниот меч загуби од Индијана пејсерс со 133:11 и на тој начин ја прекина серијата од седум победи по ред. Евентуална победа ќе го искачи Далас на делба на петтото место во Западната конференција.

Но, Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг и соиграчите ги очекува тежок предизвик во мисијата да се вратат на победничките патеки бидејќи му гостуваат на тимот кој со учинок од 37 победи и 19 порази е втор на Истокот. Квотите го фаворизираат Кливленд (1.61), додека таа за победа на Далас е 2.55 и со Дончиќ и Ирвинг во тимот сè е можно.

Овој меч воедно ќе претставува и дуел меѓу Донован Мичел од едната и Дончиќ од другата страна. И двајцата играат неверојатна сезона, Дончиќ е најдобар поентер со просечни 34,3 поени по меч, додека Мичел е четврти со просек од 28,1 поен по натпревар.

Филаделфија, која игра без својот најдобар играч, Џоел Ембид, кој е повреден, на последните четири меча доживеа три порази и падна на петтото место на Истокот, а е и тотален аутсајдер. Причина за тоа е што Филаделфија му гостува на најдобриот тим во НБА-лигата, Бостон селтикс (45-12), кој е во серија од осум победи во низа. За разлика од Филаделфија, Бостон е комплетен, Џејсон Тејтум е неверојатен сезонава и сè освен победа вечерва ќе претставува големо изненадување.

Според квотите, сигурни победи се очекуваат и на Орландо во дуелот со Бруклин, на Минесота над Сан Антонио, на Милвоки над Шарлот, на Чикаго над Детроит, на Оклахома сити над Хјустон, како и на Мајами над Портланд.

Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени, каде што може да се погодува за бројот на поени на 65-мина кошаркари и тука се ѕвезди како Дончиќ, Ирвинг, Мичел, Кари, Макси, Тејтум, Браун, Вембањама, Едвардс, Адетокумбо, Лилард, Гилџес-Александер…

 

- Оглас -

Најнови вести