Екипата на Филаделфија одлучи да го суспендира Бен Симонс поради недоволно залагање на тренинзите.
Австралиецот уште од крајот на минатата сезона најави дека сака да ја напушти оваа екипа, но во изминативе месеци не успеа да пронајде заинтересиран тим.
Од друга страна, пак, Док Риверс му даде „одврзани“ раце на Симонс за заминување, сметајќи дека тој лошо влијае на останатите играчи.
Овој играч изминатото лето успеа да се искара со своите соиграчи и веќе не комуницира со ниту еден од нив. Суспензијата од страна на тимот изнесува еден натпревар, но ќе биде чудо доколку во оваа сезона го видиме Австралиецот да заигра за тимот од Филаделфија.
На отворањето на новата сезона во НБА, Филаделфија утревечер гостува кај Њу Орлеанс, во меч кој се игра во четврток наутро.