Во Полноќниот експрес ви нудиме мини-анализи од два кошаркарски мечеви кои се играат од плејофот во кошаркарската НБА-лига, како и три од хокерската НХЛ.
Филаделфија 76 ерс – Бруклин нетс (02.00 часот)
По тешкиот удар и поразот на првиот меч, сега Филаделфија мора да се вади како знае и умее за да не отиде со 0-2 на двете гостувања во Бруклин. На „76-ките“ ќе им биде тешко ако не игра Ембид, чиј настап е неизвесен. Без центарот, огромен дел од товар ќе биде врз Батлер и тука е шансата на аутсајдерот. Нетс цели 15 години не водел со 2-0 во една серија.
Предлог тип: Џими Батлер >19.5 (1.87)
Голден стејт вориорс – Лос Анџелес клиперс (04.30 часот)
Вориорс на првиот меч беше доминантен, знае како да покаже сила во плејофот, па и вечерва би требало да ги израдува своите навивачи. Клиперс за една недела гостуваше двапати во Оукленд и не си помина добро, губеше со 27 и 17 разлика. Последната победа на Клиперс кај Голден стејт е од јануари 2018. Голден стејт може повторно да победи со 14 или повеќе поени разлика.
Предлог тип: Х 1 -13.50 (1.90)
Каролина хурикејнс – Вашингтон капиталс (01.00 часот)
Каролина десет години не играла дома плејоф-меч и сега прашање е дали мотивацијата ќе им помогне или одмогне бидејќи притисокот ќе биде огромен. Вашингтон е многу искусен тим предводен од Русите Овечкин и Кузњецов и има предност од 2-0 во победи. Од последните десет меѓусебни дуели, само еднаш паднаа помалку од пет гола, можеби овојпат одбраните ќе се покажат.
Предлог тип: < 5.50 (2.05)
Торонто мејпл лифс – Бостон бруинс (01.00 часот)
Канадскиот тим со 1-1 влегува во првиот од двата домашни натпревари по ред, но „јаворовите листови“ на свој терен имаат само две победи на последните седум меча, додека Бостон има пет победи на последните седум гостувања. Последните пет меѓусебни дуели на овие екипи во Торонто беа зачинети со 4-6 гола.
Предлог тип: < 6.50 (1.55)
Колорадо авеланш – Калгари флејмс (04.00 часот)
„Лавината“ од Колорадо успеа да го изненади Калгари и има 1-1, но „пламените“ и натаму се фаворити, дури и на овој меч на којшто се гости. Канадскиот тим беше прв на Западот во регуларната сезона, но треба да се знае дека Колорадо дома има серија од шест победи едноподруго, од кои две беа со златен гол.
Предлог тип: 2 (2.25)