Филаделфија може да игра и без Брадата, тука е Ембид (Видео)

Филаделфија сиксерс во дербито на Источната конференција со 114:107 го совлада Торонто репторс и дојде до првата победа во новата сезона.

Иако во тимот го нема бунтовникот Џејмс Харден, тука е минатогодинешниот МВП, Џоел Ембид кој го предводеше својот тим до победата. Ембид постигна 34 поени и имаше девет скока и осум асистенции, а одличен беше и Тајрис Макси кој исто така постигна 34 поени. На спротивната страна, Скот Барнс даде 24 поени.

 

Феникс санс без никакви проблеми славеше со 126:104 против Јута џез и дојде до втората победа сезонава. Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кое Сонцата го добија со 66:50. Кевин Дурант со 26 поени ја предводеше листата на стрелци.

 

Еван Мобли и Карис Леверт постигнаа повеќе од половина поени за Кливленд, но на крајот на победата од 125:113 се радуваа играчите на Индијана пејсерс. Мобли даде 35, а Леверт 31 поен, но колективната игра на Индијана каде шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени беше пресудна за втората победа на Пејсерси во вториот меч сезонава.

Резултати: Детроит – Чикаго 118:102, Њу Орлеанс – Њујорк 96:87, Вашингтон – Мемфис 113:106, Кливленд – Индијана 113:125, Торонто – Филаделфија 107:114, Минесота – Мајами 106:90, Феникс – Јута 126:104.

- Оглас -

Најнови вести