36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Филаделфија му се поклони на незадржливиот Адетокумбо

Милвоки бакс го доби дербито на вечерта проти Филаделфија севентисиксерс со конечни 122:128. Во дуелот на титаните, Јанис Адетокумбо одигра монструозна партија, ниту големиот Џоел Ембид не можеше да го спречи налетот на Грик Фрик. Бакси имаа фуриозна четврта четвртина во која постигнаа 46 поени, па со тоа ја запишаа 59-тата победа во регуларниот дел.

Адетокумбо заврши со двоен учинок од 45 поени и 13 скока, а во својата статистика додаде шест асистенции и пет блока, додека во речиси 35 минути поминати на паркетот не направи ниту една грешка. Имено, Јанис е првиот играч по Мајкл Џордан во последниве 30 години кој забележал ваков учинок без ниту еднаш да загуби посед на топка.

Во дуелот на овие две екипи кој се одигра на 17 март, Адетокумбо во поразот од 125:130 реализираше 52 поени, а сега повторно блескаше против Филаделфија.

Покрај Адетокумбо, за победата придонесе и Мидлтон со 22 поени, додека за Филаделфија најрасположен беше Џоел Ембид, кој запиша троен учинок од 34 поени, 13 асистенции и исто толку скока.

Сакраменто кингс и третпат сезонава го совладаа тимот на Кливленд кавалирс, овојпат со конечни 117:104. Шампионот Голден стејт вориорс на гостувањето во „Стејплс центарот“ во Ел-Еј убедливо ги доби Лејкерс со 90:108.

- Оглас -

Најнови вести