Филаделфија со Ембид е проблем за Мајами, а Харден решеташе кога беше најпотребно (Видео)

Домашниот терен се покажува како предност во сериите помеѓу Филаделфија и Мајами, односно Далас и Феникс бидејќи по четири меча, нема победи на гостите, па резултатот во овие конференциски полуфиналиња од НБА плејофот е 2-2.

Маверикс триумфира против главниот фаворит за титулата Санс со 111-101 благодарение на Лука Дончиќ, кој имаше 26 поени, 11 асистенции, 7 скока и четири украдени топки, и џокерот Доријан Фини Смит, кој погоди осум тројки од 13 обиди, па заврши со 24 поени.

Трагичар во редовите на Сонцата беше Крис Пол, кој направи четири лични грешки во првото полувреме, а шестата исклучувачка на речиси 9 минути пред крај, па не беше фактор.

Во Филаделфија, 76-ките предводени од Џоел Ембид (24 поени и 11 скока) и Џејмс Харден го одбранија домашниот терен со победа од 116-108 и со оптимизам одат на гостување во Мајами во петтиот меч, на кој сега ќе игра и Ембид.

Харден уфрли 31 поен, од кои 16 во последната четвртина. Сите стартери на Филаделфија имаа двоцифрен број поени, а кај Мајами се истакна Џими Батлер со 40 поени.

Ова е тројката на Харден, која го одлучи победникот:

- Оглас -

Најнови вести