Вечерва во арените во САД ќе се одиграат четири натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
Според квотите, домаќините се фаворити на три од четирите натпревари. Филаделфија сиксерс го пречекува Мајами хит и ќе се обиде да се врати на победничките патеки по вчерашниот пораз од најдобриот тим на Истокот, Бостон селтикс. И жешките се наоѓаат во губитнички ритам, тие се поразени на последните четири натпревари и паднаа на седмото место на табелата во Источната конференција.
Квотите го фаворизираат и Шарлот хорнетс, кој го пречекува најслабиот тим на Истокот, Детроит пистонс. Њу Орлеанс го пречекува Орландо меџик, а единствен гостински тим кој е фаворит е Бостон, кој игра против Њујорк никс. Доколку победи, тоа би било втора победа во два дена за Бостон над директни конкуренти и можни противниците во плејофот.
Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 27-мина играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.
Фаворити за плус поени над предложената граница се Џими Батлер, Џејмс Харден, Џејсон Тејтум, Ар Џеј Берет, Паоло Банкеро, Брендон Инграм, Јонас Валанчиунас…