Филип Кузмановски: „Оваа екипа има блескава иднина!“

Македонија и 15-та година по ред ќе игра на големо ракометно натпреварување, откако во преполната сала „Јане Сандански“ убедливо славеше над Литванија со 26-17.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката за големата поддршка и полните трибини. Горд сум на момците, навистина ова Европско првенство многу ни значи. Покажавме квалитет, оваа екипа има блеската иднина. Тоа го покажавме и на Светското првенство. Растеме како екипа. Не можеме да издвоиме поединци, играме тимски и тоа го покажуваме и на терен. Тоа го покажавме и денес. Никого не потценивме во нашата група. Беше навистина тешко, Литванија е добра селекција. Сакавме две убедливи победи и тоа го остваривме. Македонија тоа и го заслужи. Заморни сме, започнавме лошо, но кога се игра за Македонија енергијата е посебна.“ – рече Филип Кузмановски после убедливата победа над Литванија.

- Оглас -

Најнови вести