Филип Кузмановски со гол во последната секунда спаси реми за Македонија против Австрија

Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено, 30-30, против Австрија на единствениот контролен натпревар во мартовкста недела на ЕХФ. Кирил Лазаров иако во Брегенц поведе комбинирана селекција и без неколку искусни ракометари, сепак, имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, а кон средината на второто полувреме и од четири гола разлика.

На полувремето беше 15-15, а во вториот дел нашите ракометари брзо се вратија во водство и дојдоа до 24-20, односно 25-21. Австријците во 59-тата минута израмнија на 29-29, а потоа дури и поведоа.

Сепак, Македонија се спаси од пораз со гол на Филип Кузмановски од пенал во последната секунда од мечот.

Токму Кузмановски беше и најефикасниот ракометар на натпреварот со 10 гола. Двојно помалку, односно пет гола, постигна Марко Митев, а по трипати стрелаа Велковски и Николов.

- Оглас -

Најнови вести