Еден од најдобрите бекови во изминатве две децении е Филип Лам, кој ги освои сите навредни трофеи во кариерата. Лам одигра 517 меча за Баерн Минхен со кој триумфираше во Лигата на шампиони во 2013 година. Следната година со Германија стана светски првак на Мундијалот во Бразил. Беше капитен на националниот тим и одигра 113 мечеви.
Лам беше и директор на Европското првенство кое неодамна заврши во Германија, а сега пповторно е во фокусот на вниманието. Тој решил да го изнајми својот дом и тоа за само 21 евро.
„Уживам да бидам домаќин. Во текот на целата моја кариера многу патував, поминав многу места и сега мислам дека е сјајна идеја да им дозволам на луѓето да престојуваат во мојот дом“, вели Лам.
На 18 октомври ќе биде достапен домот на Лам да се резервира за само 21 евра. Оваа сума не е случајна, затоа што Лам во кариерата го носеше дресот со бројот 21. Оние двајца кои ќе имаат среќа да резервираат ќе добијат и два билети за меч на Баерн во Минхен, баварска вечера подготвена од професионален готвач како и дрес потпишан од Лам.
„Како добар домаќин, ќе ги прошетам гостите низ нашиот дом“, порача некогашниот десен бек. Барањата за резервација ќе може да се приложуваат од 7 август.