Македонскиот ракометар Филип Лазаров, кој е член на германски Ратинген, позитивен е на корона вирус, а според германските медиуми, тој најверојатно се заразил во авионот со кој патувал за Германија. Еден од патниците бил позитивен, па морале сите други да се тестираат.
Лазаров пред да замине за Германија направил тест и резултатот бил негативен, а после летот на кој отпосле дознал дека имало заразено лице, направил нов тест, и тој бил позитивен. Филип останува во карантин до петок, а потоа ќе направи нов тест.
Иако е позитивен, 35-годишниот Лазаров нема никакви симптоми, а неговите сопруга и син се негативни. Клубот на нашиот лев бек чека нов резултат и дотогаш Лазаров нема да биде на подготовки со соиграчите во Холандија.