19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Филип Најдовски се врати во ФК Вардар

Дефанзивецот Филип Најдовски официјално потпиша четиригодишен договор со фудбалскиот клуб Вардар.

Најдовски, кој има 31 година, играше за најтрофејниот македонски клуб од 2018 до 2020 година, освои и една титула во домашното првенство, а од летото 2020 наваму со успех го носеше дресот на албанскиот прволигаш Тирана.

Црвено-црните попладнево почнуваат со подготовки за новата сезона, а деновиве ќе се објават и имињата на други нови играчи кои ќе му се приклучат на Вардар, познато е дека ќе има повеќе домашни, но и странски засилувања.

- Оглас -

Најнови вести