18.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Филип Талески се најде на поширокиот список на селекторот Лазаров за мечевите со Естонија и со Литванија

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Нашата најдобра ракометна селекција ја очекуваат уште две клучни средби во квалификациската група, каде што нема простор за кикс. За дуелите против Естонија и Литванија, Лазаров во поширокиот список вклучи 35-мина ракометари, меѓу кои се најде и некогашниот бек на Вардар и Металург, Филип Талески.

Во рамките на ЕХФ-неделата, македонската репрезентација ќе ги одигра натпреварите од петтото и шестото коло, првиот како гостин против Естонија, а вториот на домашен терен против Литванија.

По четири одиграни натпревари, Македонија се наоѓа на третото место во групата само со два освоени бода, што значи дека за обезбедување пласман на Европското првенство неопходни се две победи на претстојните мечеви.

- Оглас -

Најнови вести