Партизан го совлада Задар со 78-63 во меч од АБА лигата на кој деби како тренер на белградскиот клуб имаше словенечкиот стручњак со македонско потекло, Сашо Филиповски, а како негов прв помошник во стручниот штаб е екс тренерот на МЗТ Скопје и Кожув, Бобан Митев.
Играчите на Партизан долго се мачеа против Задар, веројатно и притисокот и желбата за докажување пред новиот тренер си го направи своето, но како одминуваше времето, како да се ослободуваа, па на крај белграѓани извојуваа и прилично убедлива победа од 15 поени разлика. Тандемот Филиповски-Митев ќе има задача да ја подобри играта и резултатите и во АБА лигата и во Еврокупот, а ако денот се познава по утрото, нема да имаат лесна работа, но доколку успеат, задоволството ќе бие поголемо.