Бразилската фудбалска легенда Зико бил ограбен во Париз, каде што е дел од делегацијата на својата земја за Олимписките игри во француската престолнина.
Според информациите, Зико го напуштил својот хотел и заминал со такси, носејќи со себе куфер во кој имало скапоцени предмети и голема сума пари. Се смета дека криминалците дејствувале по план: еден од нив го одвлекол вниманието на возачот на таксито, додека другиот ја украл вредната торба.
Кражбата е проценета на околу половина милион евра.
„Зико се качил во таксито и седел одзади. Куферот бил покрај него, но не го држел в раце. Прозорците биле отворени. Бандитите го запреле таксито за да го прашаат возачот дали можат и тие да се качат. Едниот започнал разговор со возачот и со Зико, додека вториот брзо го украл куферот. Зико приметил неколку секунди потоа, но двајцата криминалци веќе биле исчезнати“, известуваат бразилските медиуми.
Француските власти веднаш започнале истрага за случајот.