14.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Филмска ликвидација во Белград, убиен водачот на „Гробари“ среде бел ден

Тадија Пантиќ (23), водачот на навивачката група „Гробари“ на ФК Партизан, денеска беше брутално убиен на улиците на Белград.

Инцидентот се случи кога двајца мажи на скутер му пријдоа и пукаа кон него во главата и во телото. Пантиќ починал на лице место.

На местото на настанот брзо се собраа пријатели и семејството на жртвата, а полицијата го обезбеди подрачјето и започна акција за апсење на осомничените.

Пантиќ беше водач на навивачите од Земун и до денес неколку пати избегнуваше обиди за ликвидација. Меѓутоа, овојпат немаше среќа, беше брутално убиен пред бројни сведоци.

Убиството се случи само неколку часа пред домашниот натпревар на Партизан против Железничар од Панчево. Фракцијата „Гробари Земун“ е една од главните во групата, која често привлекува внимание на натпреварите.

Сцените на местото на настанот беа хаотични. Неговата сестра со солзи во очи се обидуваше да дојде до телото: „Утрово ме прегрна. Оставете ме да го видам уште еднаш“, викаше тажно.

Пантиќ беше цел и на претходни обиди за ликвидација. Во јуни годинава, на мостот Газела, двајца напаѓачи пукаа кон него, но не го погодија. Тој преживеа и бомбашки напад. На 30-ти септември, во „Косовска улица“, македонскиот манекен Мартин Сипковски загина при случајна детонација на експлозив кој требало да биде искористен за ликвидација на Пантиќ.

Овојпат, за жал, Пантиќ немаше среќа, беше брутално ликвидиран на улица, во настан кој потсетуваше на сцена од филм.

- Оглас -

Најнови вести