Двајца лопови во Лондон имаа лоша среќа, па филмскиот крабеж заврши неуспешно, бидејќи нивна цел беше ни повеќе ни помалку, туку легендарниот атлетичар на средни и долги патеки, Мо Фарах. Атлетичарот заедно со неговата сопруга излегле на трчање, а мобилниот го оставиле покрај патот, со намера да го земат кога ќе завршат.
Сепак, тогаш се појавило бело комби со двајца крадци, а еден од нив излегол од возилото и го зел мобилниот телефон. Кога Фарах забележал што се случило, започнал да трча по комбито, а лоповите на крајот се откажале и му го вратиле телефонот на легендарниот атлетичар.
Очевидци на настанот велат дека Мо Фарах истрчал со олимписка брзина, онака како што му доликува. Легендарниот британски атлетичар на Олимпијадите во 2012 и 2016 освојуваше златни медали на 5.000 и 10.000 метри.