Филмски грабеж во Лондон, сè тргна наопаку откако по крадците започна да трча легендарниот Мо Фарах

Двајца крадци во Лондон имаа лоша среќа, па филмскиот грабеж заврши неуспешно бидејќи нивна цел беше ни повеќе ни помалку, туку легендарниот атлетичар на средни и долги патеки, Мо Фарах. Атлетичарот заедно со неговата сопруга излегле на трчање, а мобилниот го оставиле покрај патот со намера да го земат кога ќе завршат.

Сепак, тогаш се појавило бело комбе со двајца крадци, а еден од нив излегол од возилото и го зел мобилниот телефон. Кога Фарах забележал што се случило, започнал да трча по комбето, а крадците на крајот се откажале и му го вратиле телефонот на легендарниот атлетичар.

Очевидци на настанот велат дека Мо Фарах истрчал со олимписка брзина, онака како што му доликува. Легендарниот британски атлетичар на Олимпијадите во 2012 и 2016 освојуваше златни медали на 5.000 и 10.000 метри.

- Оглас -

Најнови вести