Филмски пресврт: Арсенал го чекаше, а потоа Челзи даде 108 милиони евра и го „украде“ Украинецот

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик ќе биде нов играч на Челзи, откако во само неколку часа се направи голем пресврт. Мудрик беше на пат да го облече дресот на Арсенал, кога ненадејно во целата приказна се вмеша градскиот ривал Челзи.

Според реномираниот Атлантик, Челзи веќе го договорил трансферот на Мудрик од Шахтар во лондонскиот тим. Се очекува крилниот играч кој има само 22 години и осум настапи за украинската репрезентација, во најскоро време да ги помине лекарските прегледи и потоа да може да биде промовиран во нов играч на „Стемфорд Бриџ“.

Арсенал неколку месеци го подготвуваше овој трансфер, но последната понуда од Топчиите која беше во вредност од околу 100 милиони евра, беше одбиена, а само неколку часа подоцна стана јасно зошто Шахтор реши да не постигне договор со Арсенал, туку со Синиот тим од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести