Филмски пресврт: Фјури двапати паѓаше, па сензационално го нокаутираше Вајлдер (видео)

Тајсон Фјури во третата меѓусебна борба, дојде до втората победа против Донте Вајлдер (еднаш беше нерешено), и го задржа шампионскиот појас во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата. „Циганскиот крал“ го нокаутираше противникот во 11-та рунда, и го комплетираше пресвртот, откако во првата половина од борбата Американецот двапати го кутна на земја Фјури.

Во третата рунда Фјури прв го доведе Вајлдер во нокдаун, но во следната рунда се случи пресврт, и судијата двапати му броеше на Фјури кој беше во голем проблем. На Фјури добро му дојде паузата помеѓу четвртата и петтата рунда, па од таа петта до последата 11-та рунда, Британецот беше подобар и целосно доминираше. Во 11-тата рунда, Вајлдер веќе не можеше да продолжи, а исто како и на нивниот претходен меѓусебен дуел, му потече крв од ушите, и судиите тука прогласија крај на мечот.

Сега Фјури изгледа го чека борба против победникот од пресметката на Дилијан Вајт и Ото Волин, а можно е да има и негова пресметка против Олександр Усик.

Ова е завршниот удар по кој веќе немаше враќање за Вајлдер:

- Оглас -

Најнови вести