Александер Кокорин и вечерва беше немилосрден кон противничкиот голман и постигна хет-трик против Ростов во убедливата победа на Сочи од 10:1 и прави чуда, откако излезе од затвор.
Поранешниот руски репрезентативец поради насилство во октомври 2018 година, заедно со Павел Мамаев беа осудени на казна затвор, а заедно беа зад решетки речиси една година.
After almost a year since they were arrested for assault, Pavel Mamaev and Aleksandr Kokorin were today released from prison.
— Russian Football News (@RusFootballNews) September 17, 2019
Потоа се пресели на позајмица од Зенит во Сочи и немилосрдно ги тресе мрежите на противничките голмани. Одигра вкупно шест меча за новиот тим и постигна 8 гола, вклучувајќи ги и трите вечерва против Ростов.
Гостите поведоа со погодок во 47. секунда, а потоа на сцена стапи Кокорин, кој ги предводеше домаќините до неверојатен триумф од 10:1.
Поранешниот руски репрезентативец беше прецизен во 15. 44. и во 51. минута, а потоа беше заменет по 70 минути игра. Гостите од Ростов вечерва играа со младински тим против Сочи.