Бурата „Филомена“ што беснее на архипелагот Мадеира во Португалија повторно се заканува да го одложи мечот меѓу Национал и Спортинг, кој е презакажан за денеска од 19 часот.
Вчера не се играше поради силен дожд и ветар, а и денеска има невреме во Фунчал, па домаќините се мачат да го обележат теренот на стадионот во Мадеира.
Последниот збор ќе го има судијата Мануел Мота, кој треба да одлучи дали и по вторпат, по вчерашното одложување ќе се пролонгира дуелот од 13. коло во португалската лига.
Вечерва и маглата им прави проблеми на организаторите, па можно е пак да не се игра натпреварот меѓу Национал и Спортинг во областа во која е прогласена опасност од жолта боја поради бурата „Филомена“.