10.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Финале на купот на Македонија: МЗТ Скопје брка рекорди, а МКК Куманово историја

Вечерва од 19 часот стартува големото финале на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во спортската сала во Куманово, а во него ќе се сретнат бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром, и домаќинот на овој турнир МКК Куманово.

Аеродромци сакаат продолжение на доминацијата, може за првпат да имаат четири освоени купови по ред. Ова за нив ќе биде шесто финале по ред, а имаат шанса да го освојат и својот 14-ти трофеј во богатата историја. Индивидуалниот квалитет и победничкиот менталитет се на нивна страна.

Од друга страна МКК Куманово имаше потежок пат до финалето, и реализираше добар дел од плановите кои ги имаа откако ја добија организацијата на финалниот турнир, сега сакаат да испишат нова страница од историјата. Ова е прво финале за МКК Куманово (еден друг кумановски клуб играше финале во 2013), плус играат дома и тоа е големиот плус за нив, наспроти заморот како минус.

- Оглас -

Најнови вести