-1.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Финале со хичкок-завршница го одлучи новиот првак на Аргентина (Видео)

Аргентина има нови фудбалски шампион, а тоа е тимот на Естудијантес де Плата. Во драматично финале во Калусира првенството, Црвено-белите го победија Расинг во Авилес и тоа во меч на кој победникот биде решен по изведување на пенали. По регуларниот дел, резултатот беше 1:1, а во пенал-рулетот, фудбалерите на Естудијантес славеа со 5:4.

Ова е прва титула за Естудијантес од 2010 година, а како победник на Клаусура, ќе играат во следното издание на Копа Либертадорес.

Во финалето, највозбудливо беше на крајот. Расинг поведе со голот на напаѓачот Адриан Мартинез во 81-та минута и буквално секунди го делеа домашниот тим да биде нов првак на Аргентина.

Сепак, во третата минута од судиското надополнување, Естудијантес израмни. Хозе Соса центрираше од корнер, а Гвидо Кариљо израмни со удар со глава.

Следеа пеналите, каде гостите повторно беа во негатива затоашто Едвин Сетре беше непрецизен во втората серија. Резултатот беше израмнет откако во четвртата серија промаши и домашниот играч Гастон Мартин Торес. Одлуката дојде во шестата серија. Прво, Факундо Родригез постигна гол за Естудијантес, а потоа голманот на црвено-белите, Фернандо Муслера, одбрани пенал од Франк Пардо и им го донесе трофејот на „студентите“.

- Оглас -

Најнови вести