Финале во кое се игра за титула, за број 1, за предност во недели на врвот и на освоени турнири

Денеска е празник на тенисот во Монте Карло, Карлос Алкарас и Јаник Синер ќе се борат за титулата на Мастерсот, а ова ќе биде многу повеќе од само едно обично финале.

Тој што ќе победи, не само што ќе освои важен пехар, туку ќе биде прв на АТП листата која ќе се објави утре и ќе поведе 67-66. Во моментов, Шпанецот и Италијанецот по 66 недели биле на прв место.

Двајцата имаат по 26 турнирски титули, па победникот ќе има еден трофеј повеќе од ривалот. Ако победи Синер, ќе го повтори подвигот на Новак Ѓоковиќ од 2015 година кој засега е единствен што ги освоил првите три Мастерс 1000 турнири во годината. Алкарас го брани тронот, тој лани победи во Монте Карло.

Ова ќе биде прв нивен меѓусебен дуел во 2026 година, па и тоа му дава тежина на мечот. Двајцата велат дека ова се мечеви за кои живеат и поради кои тренираат. Алкарас води 10-6 во меѓусебните средби, откако во 2019 првпат играа еден против друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести