Бобан Николов и неговите соиграчи од МОЛ Види ќе имаат шанса да му го донесат вториот пехар во Унгарскиот куп на клубот, откако вечерва по вторпат во полуфиналниот двомеч го победија Дебрецин.
Во реваншот, триумфот беше убедлив, а гостите славеа со 3-0 и со вкупен резултат од 4-0 отпатуваа во финалето.
Таму противник ќе им биде подобриот од второто полуфинале меѓу Хонвед и Сороксар, екипи што ќе го играат реваншот утре.
МОЛ Види има само еден пехар во националниот куп во пет финалиња, а го освои во 2005/06.