Финалето на англискиот Лига куп го одлучи играч од кој најмалку се очекуваше (Видео)

Манчестер сити доминираше во поседот на топката и бројот на шанси против Тотенхем во финалето на англискиот Лига куп, но Граѓаните победија само со 1-0, со погодок на дефанзивецот Ејмерик Лапорт во 82-ра минута. Лапорт играше затоа што Стоунс е повреден, а во првото полувреме имаше среќа шти не доби црвен картон. За Лапорт, ова е осми гол во дресот на Сити, и сите осум ги даде надвор од „Етихад“.

Овој меч се играше на „Вембли“ во Лондон пред 8.000 гледачи. За Сити, ова е четврти трофеј по ред во ова натпреварување.

https://twitter.com/i/status/1386367738260635648

- Оглас -

Најнови вести