Финалето на Интерконтиненталниот куп може биде дуел на двајца харизматични тренери

Освојувањето на титулата во Копа Либертадорес, на екипата на Ботафого ѝ донесе и пласман на Светското клупско првенство следната година во САД, како и на Интерконтиненталниот куп во Катар на кој ќе треба да играат веќе за десет дена.

Бразилскиот тим на Интерконтиненталниот куп прво на 11-ти декември мора да игра со мексиканскиот тим Пачука (првак на Средна и Северна Америка), а ако помине, три дена подоцна следува полуфинале со Ал-Ахли од Египет кој е првак на Африка. Во финалето закажано за 18-ти декември во Лусаил, чека актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Секако најатрактивно би било ако во финалето се сретнат Реал и Ботафого, кога би имало дуел и на двајца харизматични тренери, Италијанецот Карло Анчелоти односно Португалецот Артур Жоржe.

- Оглас -

Најнови вести