20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Финалето на Копа Либертадорес повторно ќе биде преместено?

Иако има уште пет недели до финалниот натпревар во Копа Либертадорес, кој треба да се игра во Сантијаго де Чиле, сепак, постои загриженост од ситуацијата во Чиле, па од КОНМЕБОЛ размислуваат на преселба на финалето, нешто што се случи и лани, кога се играа два меча, но реваншот беше во Мадрид.

Годинава во финалето ќе играат аргентински (Ривер плејт или Бока јуниорс) против бразилски клуб (Фламенго или Гремио).

Но, безбедносната состојба во Чиле е хаотична, демонстрантите палат сè пред себе, настрадаа и метро-станиците, се краде по продавници, има и мртви, па војската мораше да реагира за воведување на јавна безбедност.

- Оглас -

Најнови вести