Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Вардар и Струга започна со задоцнување од десеттина минути поради проблеми со ВАР-системот. Одговорните долго се обидуваа да се решат проблемот, а тоа се случи со задоцнување од осум минути од закажаниот термин, на големо задоволство на фудбалерите, но и на навивачите.
Како што е познато, ова е вторпат да има ВАР на финалните натпревари, откако и минатата сезона имаше видеотехнологија на дуелот помеѓу Тиквеш и Воска. Оваа сезона за ВАР-от задолжени се судии од Србија.