Вечерва стартува новата сезона во Лигата на Европа, во првата фаза 36 тима ќе играат во лига исто како Лигата на шампионите, а според имињата, битката ќе биде интересна и неизвесна. Финалето е на 21 мај во Билбао, а тоа е мотивација и за Атлетик Билбао да проба да стигне до мечот за титула на неговиот „Сан Мамеш“.
Главни фаворити за трофејот се Тотенхем, Манчестер јунајтед и Рома, но тука има уште многу клубови кои може да стигнат далеку, како: Реал Сосиедад, Билбао, Порто, Лацио, Ајнтрахт, истанбулските Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ, потоа Ајакс, Лион, Ница, итн.
Во 2011 година последен пат се случи титулата во ЛЕ да ја освои клуб (Порто) кој не е од топ 5 лигите во Европа.