18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Финалето на ЛШ во 2027 повторно во Мадрид

Стадионот „Метрополитано“ во Мадрид повторно ќе биде центар на европскиот фудбал. УЕФА денеска реши дека финалето од Лигата на шампионите во 2027 година ќе се одигра токму на домашната арена на Атлетико.

Ова ќе биде втор ваков натпревар на „Метрополитано“, откако во 2019 таму играа Ливерпул и Тотенхем. Стадионот, отворен во 2017 година и со капацитет од 70.692 седишта, важи за едно од најсовремените во Европа.

Покрај тоа, УЕФА одлучи Суперкупот на Европа во 2026 година да се одржи на „Ред Бул арената“ во Салцбург.

- Оглас -

Најнови вести