Финалето на Суперкупот ќе биде ефикасно, и Реал и Барса ќе ја вадат топката од својата мрежа

1158 Арсенал – Манчестер ј. (16.00 часот)

За еден од овие два гиганти на англискиот фудбал, ќе нема место меѓу 32-те најдобри во ФА купот за оваа сезона. Домаќинот Арсенал е фаворит, но Јунајтед е бранител на трофејот. Пред пет дена, Топчиите загубија дома во Лига купот од Њукасл, а Црвените ѓаволи пред шест дена ремизираа на гости кај силниот Ливерпул, па овие работи им даваат надеж на гостите од Манчестер дека може да изненадат. Манпестер јунајтед победи со 3-1 на последното куп гостување кај Арсенал во 2019 година.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

1308 Атлетико М. – Осасуна (16.15 часот)

Мадридските Јорганџии имаат прилика да се искачат на првото место на табелата во шпанската лига, но само ако ја победат Осасуна. Атлетико ја има најдобрата одбрана со само 12 примени голови на 18 меча. Атлетико до пред паузата беше во силен налет, има огромна серија победи, а последната лигашка победа на Осасуна беше пред повеќе од два месеци, на 2-ри ноември. Интересно е дека на последниот нивен меѓусебен дуел во Мадрид во мај минатата година, Осасуна го разби Атлетико со 4-1.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.96)

 

3655 Болоња – Рома (18.00 часот)

Болоња има пет бодови повеќе од Рома, но и два меча помалку од Волчицата, а двата тима се борат за излез во Европа, иако римјаните во моментов се прилично далеку од позициите кои водат во еврокуповите. Болоња има само три порази сезонава, но едниот беше минатото коло. Рома сезонава нема ниту една победа на гости, ни во Серија А, ни вво Лига Европа. Традицијата е на страна на домашните, Рома не дала гол на последните три гостувања кај Болоња.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.30)

 

1326 Реал Мадрид – Барселона (20.00 часот)

Финалето на шпанскиот суперкуп годинава носи мега спектакл, дуел на двата најголеми клубови и не е сеедно кој ќе го освои трофејот. Мечот се игра во Џеда, Саудиска Арабија, а двата тима имаат големи мотиви. Реал ќе проба да се одмазди за тешкиот пораз од Барса во првенството, а за Каталонците овие мечеви против најомразениот ривал го сфаќаат безмалку како живот или смрт. Каталонците не се во толку добра форма како кога го прегазија Реал во октомври. Ова е трета година по ред во финалето на суперкупот да играат Реал и Барса. Преклани победија Каталонците, лани мадриѓаните. На двата тима нападот им е појака страна и тоа најавува ефикасен меч.

Предлог тип: ГГ & 2+I (2.23)

 

2876 ПСЖ – Сент Етјен (20.45 часот)

ПСЖ со 12 и Сент Етјен со 10 титули се најтрофејните клубови според број на трофеи во француската лига. Но, Сент Етјен повеќе од 40 години не бил првак на Франција, а Светците доминираат во последната една и пол деценија и секако се многу голем фаворит. Сент Етјен се бори за опстанок, а има само едно реми сезонава, додека ПСЖ е убедлив лидер и нема пораз.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести