Финалето на Светското клупско може да биде реприза од финалето на Лигата на шампионите

Компјутерските симулации покажале дека Пари Сен Жермен – Манчестер сити (13%) или ПСЖ – Интер (11 проценти) се двете најверојатни опции за финале на Светското клупско првенство кое се одржува во САД.

Ако финалето биде помеѓу париските Светци и Интер од Милано, тоа би било реприза на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА кое се одигра пред неполн месец во Минхен и во кое Нераѕурите претрпеа катастрофален пораз од 0-5. Затоа и прашање е дали би сакале ново финале со опасниот ПСЖ.

Сити и Интер се најсилни тимови, барем на хартија, во едната половина од костурот, каде друштво им прават уште Палмеирас, Ботафого, Бенфика, Челзи, Флуминенсе и Ал-Хилал. Но, ако Интер и Сити го минат осминафиналето, ќе играат меѓусебе во четвртфиналето.

Во другата половина конкуренцијата е посилна, таму се ПСЖ, Интер Мајами, Фламенго, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Монтереј, Реал Мадрид и Јувентус.

По 6 отсто шанси се даваат за финалиња Реал Мадрид – Сити, Реал Мадрид – Интер Милано и ПСЖ – Челзи, а по 5 проценти за Баерн – Сити и Баерн – Интер Милано.

 

- Оглас -

Најнови вести