Мелани Лојполц го постигна најбрзиот гол во историјата на женските финалиња во Лигата на шампионите, за нејзина несреќа во сопствениот гол.
Фудбалерката на Челзи се најде на погрешно место, а голем кикс направи и нејзината клупска колешка Франческа Кирби. Кирби се обиде да расчисти и ја погоди Чарлс, па топката заврши во мрежата на англискиот состав, и тоа само по 32 секунди игра од стартот на финалето.
Трагикомичниот автогол на фудбалерките на Челзи можете да го погледнете ОВДЕ.
Барселона потоа постигна уште два гола во финалето што се игра во Гетеборг и само по 21 минута поведе со 3:0 со головите на Алеша Путелјас и на Ајтана Бонмати.
https://twitter.com/brfootball/status/1394006452604444672?s=20