Дуелот помеѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион, популарната Финалисима, овојпат помеѓу Шпанија и Аргентина, веројатно ќе се игра на 28-ми март 2026 и тоа на стадионот во Лусаил, предградие на Доха.
На тој стадион се играше и финалето на последното Светско првенство во Катар. Но, конечмата одлука каде ќе се игра, не е донесена. Доха е фаворит поради оддалеченоста помеѓу двете земји, поволната клима и, меѓу другите фактори, дека главниот град на Катар е резиденција на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Аргентинската репрезентација ќе ја брани својата круна во Финалисима, освоена на 1-ви јуни 2022 година, откако ја победи Италија со 3-0 на „Вембли“. За Шпанија, ова ќе биде прв обид да ја додаде оваа титула на својата листа на трофеи.