Финалистите на ЛШ во различен ритам: Реал гази и со резерви, Борусија убедливо поразена (Видео)

Реал Мадрид ја порази Гранада со 4-0, и продолжи со победничкиот ритам пред утрешната прослава на титулата на плоштадот Сибелес во главниот град на Шпанија.

Брахим Дијаз даде два гола, а по еднаш погодија Арда Ѓулер и Фран Гарсија кој стана 17-ти различен стрелец за Реал сезонава. За Реал ова е 16-та победа по ред во дуелите со Гранада која денеска и официјално ги загуби шансите за опстанок.

За разлика од Реал кој беше убедлив и со резервен состав, другиот финалист во ЛШ, Борусија Дортмунд, е заглавена на петто место во Бундеслигата и денеска беше поразена од Мајнц со 0-3. Сите три гола за Мајнц паднаа во првите 23 минути од мечот што укажува дека гостите имале катастрофален пристап и не ги интересира домашното првенство.

Четвртиот гол на Кралскиот клуб беше феноменална тимска акција кринусана со погодок на Брахим:

- Оглас -

Најнови вести