Финална етапа од втората сезона на Спортска прогноза: Последна шанса да се освои „Ајфонот“

Последното 34-то коло од втората сезона на Спортска прогноза е во тек и сè уште постои шанса некој од учесниците да се закити со прекрасниот „ајфон“ што го доделуваме за погодени 13 парови.

За крај ви нудиме многу интересни натпревари во играта што е бесплатна, со многу награди за учесниците. Стандардно сабота е последен ден за типување, но тоа можете да го сторите веднаш за да се вклучите во трката за главната премија IPhone XS, што се доделува за перфектна прогноза и за погодени 13 натпревари од основната програма во секое коло.

Освен скапиот „ајфон“, подароци има и за оние кои ќе имаат по 12 или 11 погодоци. Само за едно промашување следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11-ка добивате ваучер од 500 денари.

Вообичаено има и два натпревари како резервна варијанта, а поените и од овие дуели се многу важни за Генерален пласман. Во овој сегмент лидер и натаму е Т. Христијан, и многу веројатно кај него ќе заврши главниот подарок Смарт ТВ 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести